MAN во Македонија

Легислатива за издувни гасови WLTP

Претходниот NEDC (Нов европски возен циклус) ќе биде заменет со WLTP (Хармонизирана светска процедура за изведување тестови за лесни комерцијални возила). Предностите на овој метод лежат во подобрата споредливост што резултира од возачките профили и процедурите за мерење. Во дополнување, структурата на тестот од WLTP цели кон пореална слика до потрошувачката на гориво и нивоата на емисија.


Ги резимиравме на кратко најважните информации за Вас:


1. Кои MAN TGE се засегнати со WLTP?

Засегнати се единствено возилата со вкупна тежина под 2.610 kg, што како такви се внесени во хомологацијата во рамки на процедурата за лесни комерцијални возила. Во рамки на оваа процедура, целото возило се поставува на динамометар за шасија.

Во моментот, тешките товарни возила не се засегнати со оваа легислатива. Истите се внесени во хомологацијата во рамки на процедурата за тешки товарни возила во рамки на која се тестираат единствено моторите.

2. Од кога MAN TGE ќе бидат засегнати со WLTP?

Заклучно од 1 септември 2018 година, сите нови патнички автомобили мора да бидат сертифицирани во согласност со WLTP. За MAN TGE, најпрво единствено ќе биде засегнато комбито, бидејќи истото носи регистрација за патнички автомобил (M1). Од 1 септември 2019 год, сите MAN TGE мора да бидат во согласност со WLTP.

Сите варијанти на MAN TGE, со година на модел 2020, ќе бидат внесени во хомологацијата согласно со WLTP и според тоа можат да одобрени по 1 септември 2019 година.

Возилата што ќе бидат регистрирани пред 1 септември 2019 година нема да бидат засегнати од WLTP.

3. До кој степен ќе бидат засегнати надградбите од WLTP?

Решенија за фабрички надградби и продолжувања (сè вклучено во една фактура)

Кога поставувате фабрички надградби и продолжувања (сè вклучено во една фактура), условот за идентификација согласно со WLTP се менува за возилата од годината на модел 2020. Вашиот MAN партнер со задоволство ќе Ве информира за новата CO2 вредност предвидена за Вашето возило.

Сè вклучено во две посебни фактури

За надградби поставени на шасијата откако возилото било испорачано од фабриката, но пред првичната регистрација, за пресметување на CO2 вредностите со алатката за пресметување обезбедена од страна на MAN ќе биде одговорен продавачот на MAN или изведувачот на надградбата.

Пред 1 септември 2019 година, возилата внесени во хомологацијата согласно со NEDC уште ќе можат лесно да се одобрат за надградба или продолжување и нема да бидат засегнати од промената. После 1 септември 2019 година, возилата што биле внесени во хомологацијата согласно со NEDC единствено ќе можат да бидат примени со специјална дозвола што ќе се однесува за истите.